Honor брендот, судејќи според се, работи на својата следна линија премиум телефони – V40. Ова го сугерира тизерот што сега го објави дојавувачот @stufflistings на Twitter.

Засега не е познато ништо за Honor V40 серијата. Дали ќе користи чипсет развиен и креиран од HiSilicon или филијалата на Huawei ќе мора да користи Mediatek или Qualcomm чипови? Дали V40 серијата ќе биде достапна надвор од Кина? Дали е ова сосема нова серија или Huawei ќе мора да ребрендира некои од постоечките телефони за да заштеди пари? На сите овие детали се очекува да биде одговорено во наредниот период.

Во минатото Honor уредите од V серијата секогаш доаѓаа со најновите спецификации во областа на чиповите, а имаа и импресивни камери. Доколку знаеме дека сериите на смартфони стануваат сè поразлични со цел да се покријат различни ценовни сегменти, можно е дека не очекуваат уредите Honor V40, Honor V40 Pro и Honor V40 Pro+.