Honor неодамна се одвои од својата матична компанија Huawei, а оттогаш кинескиот производител работи напорно на нови производи, планови и соработки.

Извештаите споменаа дека Honor ја обновил својата соработка со Qualcomm, MediaTek, AMD и други, а беше најавена и соработка со Google. Сега новиот извештај сугерира дека Honor се подготвува да објави и флексибилен телефон. Уредот наводно ќе биде дел од серијата Honor Magic.

На почетокот на оваа недела, дојавувач сугерираше дека Honor планира да објави нов телефон со флексибилен екран во рамките на Magic линијата. Веројатно ќе станува збор премиум смартфон.

Засега нема никакви дополнителни детали, но претходно дознавме и дека Samsung планира да им ги понуди своите флексибилни дисплеи на други производители, како што се Xiaomi и Oppo. Дали ќе им се придружи и Honor останува да видиме.