Се очекува дека Honor Magic 3 ќе биде претставен на 12. август, а сега Извршниот директор на компанијата го навести телефонот, откривајќи го делумно дизајнот на камерите. George Zhao ги демонстрираше AI можностите на телефонот, на уред со пет камери поставени во М формат.

Телефонот е сместен во специјално куќиште од пред-производство, чија намена е да го скрие дизајнот на уредот. Сепај и натаму се гледаат пет кругови за системот на камерите (и ниту еден четвртест отвор за перископ објектив), микрофон за аудио зум функциите, како и два LED блица – еден во дното и еден во врвот.

Една од функциите која ќе го краси Honor Magic 3 е потивкото ѕвоно кога корисникот го заклучува екранот, што може да биде корисно во ситуациите кога е потребно повеќе приватност.

Honor Magic 3 ќе биде прв смартфон на пазарот со Snapdragon 888 Plus чипсет. Honor веќе спомена дека телефонот ќе има повеќе од една главна камера. Тоа би можело да значи комбинација од 50MP + три 64MP макери + ToF сензор или 2MP сензор за длабочина.