Honor тивко претстави нов телефон од средната класа, под името Honor Play 20 Pro. Овој модел доаѓа со малку подобри спецификации во споредба со Honor Play 20, кој беше објавен во април.
Honor Play 20 Pro 6,53-инчен OLED дисплеј, со FHD+ резолуција на екранот, DCI-P3 опсег на бои, сензор за отпечатоци во екранот и предна камера од 16MP за селфи и видео повици.
На задната страна се наоѓа и систем со четири камери, кој се состои од 64MP главен сензор , 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Телефонот го покренува осумјадрен MediaTek Helio G80 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор. Се ќе се напојува со батерија од 3800mAh, со поддршка за брзо полнење од 22,5W и телефонот се полни до врв за 65 минути.
Honor Play 20 Pro е достапен во Кина за околу 263 долари, за моделот од 8GB + 128GB.