Honor ја проширува својата палета на паметни часовници со нов GS модел. Honor Watch GS 3 се стреми кон елегантен изглед, наместо робусниот дизајн на часовникот GS Pro. Ова го прави поудобen за носење, но влијае на траењето на батеријата.

Часовникот има 3D заоблено стакло со едноставна степенеста рамка. Телото е изработено од 316L нискојаглероден нерѓосувачки челик со дебелина од 10,5 мм и тежина од 44 г, со дијаметар од 45,9 мм. Доаѓа во сребрена, златна и црна боја, секоја со различен ремен на зглобот. Првите два добиваат кожни ремени Nappa, а црниот (наречен „Racing Pioneer“) има издржлив гумен појас.

Honor GS 3 има 1,43-инчен AMOLED екран со 326 ppi за остра графика (резолуција од 466 x 466 пиксели) што го прави само малку поголем од Pro екранот (1,39”, исто така со 326 ppi).

 

 

На другата страна од часовникот е 8-канален PPG модул кој има за цел минимална точност од 97% при следење на пулсот. Исто така, врши 24/7 следење на кислородот во крвта и следење на спиењето (со над 200 предлози за подобрување на вашиот сон) благодарение на Honor Health 5.0.

За следење на отворено, новиот часовник користи позиционирање со двојна фреквенција со поддршка за пет главни сателитски соѕвездија. Во споредба со MagicWatch 2 (2019), точноста на позиционирањето е подобрена за 167% додека заклучувањето на почетната позиција се постигнува за половина од времето. Постојат над 100 спортски режими, вклучувајќи и 10 „професионални спортски режими“.

 

PositioningGS3.jpg

Часовникот е водоотпорен до 5 ATM, па можете да го носите и во базен. Неговиот пакет сензори вклучува и акцелерометар, жироскоп, компас, воздушен притисок и сензори за амбиентална светлина.

Часовникот ветува до 14 дена нормална употреба или 30 часа континуирано GPS следење. Добрата вест е што се потребни само 5 минути полнење за да се добие доволно енергија за цел ден. Потребно е нешто помалку од еден час за целосно полнење на батеријата од 451 mAh.

Сепак, GS Pro часовникот нудеше 14 дена нормална употреба, иако GPS следењето беше поефикасно и батеријата траеше 48 часа.

 

punjenjeGS3.jpg

Неколку основни апликации се претходно инсталирани, вклучително и музички плеер (има 4GB интегрирана меморија), аларм и тајмер, плус копче за далечински прекинувач на камерата и опција за одбивање дојдовни повици користејќи однапред дефинирани текстуални пораки. Може да инсталирате дополнителни апликации, но имајте на ум дека ова не е Google Wear часовник (го покренува LiteOS на Apollo4 чипсет). Исто така, постојат неколку карактеристики специфични за Кина, како што се Alipay и паметна картичка за јавен превоз. NFC е секако достапен.