Honor неодамна ја претстави Magic3 серијата телефони во Кина, кога компанијата го навести и паметниот часовник Watch GS 3. Сега Honor објави неколку фотографии од Classic Streamer и Racing Pioneer варијантите на Watch GS 3 на својата официјална страница на Weibo.

Classic Streamer има златна маска и закривен екран. Од десната страна се наоѓаат две физички копчиња, додека кафениот ремен е изработен од кожа. Honor не ги спомена карактеристиките за Watch GS 3, но позадината за моделот Classic Streamer го потврдува автоматскиот бројач на чекори и следењето на работата на срцето, како и можноста да се прикаже бројот на потрошени калории.

Моделот Racing Pioneer изгледа поспортски, со силиконски или гумен ремен. Овој модел има и странични копчиња, а позадините го потврдуваат бројачот на чекори, контролата на музика, компас и штоперка. Исто така, се очекува дека часовникот ќе има опција за следење на отчукувањата на срцето.

Honor се уште не го објави датумот на лансирање на Watch GS 3 серијата паметни часовници, а дотогаш се очекува дека ќе добиеме уште неколку тизери и информации за овие уреди.