Иако не е многу активен на полето на смартфони, HTC се уште ја одржува свежа својата Vive линија на VR хардвер. Компанијата го претстави најновиот VR уред, наречен Vive Flow. Станува збор за лесен модел, кој се користи како очила и тежи само 189 грама.

Vive Flow има вградени звучници, два микрофони со стивнување на бучава и ехо, а поддржува Bluetooth звук. Достапни се 64GB простор за складирање и 4GB RAM RAM.

VR уредот има 1600 x 1600p дисплеи, со стапка на освежување од 75Hz и поле на преглед од 100 степени. Има и вграден вентилатор кој го одвлекува топлиот воздух околу лицето и го исфрла преку горниот отвор.

HTC Vive Flow се напојува преку USB-C порт, а HTC успеа да ја намали потрошувачката на енергија на само 7,5W, овозможувајќи компатибилен телефон или powerbank да го напојува Vive Flow.

Уредот поседува прилагодливи фокус објективи од двете страни, што им овозможува на корисниците да гледаат јасно без потреба од корективни леќи. Присутни се и две камери насочени кон напред, кои се користат за видео преглед за да го информираат корисникот за неговата околина. HTC додаде дека во некој момент ќе додаде функција која им овозможува на камерите да го следат движењето на рацете.

Vive Flow нема далечински управувачи или контролери, туку се спарува со телефонот и се контролира со помош на апликацијата. Апликацијата поддржува виртуелен далечински управувач. Тука е и поддршката за Bluetooth 5.0, Wi-Fi и Miracast конекција.

HTC Vive Flow е достапен во претпродажба, по цена од 499 долари, а испораката се очекува во текот на ноември.