Неодамнешните извештаи укажаа на тоа дека е сертификуван Huawei телефон со ознака на модел RTE-AL00, кој на пазарот би можел да се појави како Huawei Nova 9.
Потоа еден дојавувач спомена дека Nova 9 ќе биде претставен на 23. септември и дека може да се најде во продажба од 29. септември. Тој истакна дека смартфонот ќе го покренува Snapdragon 778G со поддршка за 4G. Qualcomm се уште не ја објави 4G верзијата на овој чипсет.
TENAA листингот за Huawei Nova 9 (RTE-AL00) е забележан минатиот месец, но и натаму нема информации за спецификациите. Фотографијата од листингот сугерира дека телефонот би можел да има OLED, со сензор за отпечатоци од прсти во дисплејот. Издолжениот отвор за камерите укажува на можноста за постоење на две селфи камери.
На задната страна на телефонот е сместен систем со четири камери, заедно со LED блиц. Покрај тоа, 3C листингот сугерира поддршка за 66W полнење. Се верува дека NAM-AL00 Huawei телефонот, кој е забележан на 3C листингот со 100W полнач, би можел да биде Nova 9 Pro.
Huawei се уште не потврди кога Huawei Nova 9 ќе биде претставен, а доколку споменатите гласини се точни, тоа би можело да се случи во следните неколку дена.