DxOmark го објави својот тест на камери на најновиот Huawei P50 Pro телефон. Не е изненадувачки што премиум телефонот на кинеската компанија забележа комбиниран резултат од 144 поени, што го става на првото место во целокупниот ранг кога станува збор за смартфон камерите.

Предната камера од 13MP исто така забележа импресивен резултат во текот на тестирањето и се наоѓа на првото место со комбиниран резултат од 106 поени.

DxOmark потенцира дека главниот сензор од 50MP и 40MP монохроматскиот модул на P50 Pro нудат најдобро искуство во своите класи. Сензорите пружаат прецизни бои, широк динамичен опсег и рендерирани се со фини детали. Зумираните снимки со 64MP перископ камерата се исто така импресивни, со врвно зачувување на деталите, низок шум и широк динамичен опсег.

Фотографиите креирани во ноќни услови се уште една силна страна на Huawei P50 Pro и нудат одлична експозиција, брз автоматски фокус и зачувување на тонот на кожата. Кога станува збор за снимањето видео, DxOmark ја нагласува добрата експозиција и динамичен опсег, заедно со стабилните перформанси на автофокусот.

Што се однесува до селфи фотографиите, снимките забележаа ниски нивоа на шум, ги задржаа високите нивоа на детали како во во затворени простории, така и на дневна светлина и понудија ефективна стабилизација на видеото.

Целосниот DxOmark тест на камерите на Huawei P50 Pro можете да го погледнете на следниот ЛИНК.