Huawei Mate Xs 2 официјално дебитираше минатиот месец на кинескиот пазар, а сега е објавен и за светскиот пазар.
Телефонот користи дизајн „Falcon Wing“ и се витка нанадвор. Ова овозможува да не се формираат набори на екранот. Куќиштето на телефонот Mate Xs 2 е направено од легура на титаниум, а користи и лесен фиберглас и челик. Телефонот е тенок само 5,4 мм кога е расклопен и тежи 255 грама.
Екранот на телефонот Mate Xs 2 има големина од 6,5 инчи кога е преклопен или 7,8 инчи кога е расклопен. Панелот е од типот OLED со 2480 x 2200 пиксели на отворено и 2480 x 1176 пиксели во преклопена состојба. Екранот има стапка на освежување од 120 Hz.
Телефонот користи Snapdragon 888 4G чипсет, како и Adreno 660 GPU, а е достапен во една варијанта кога станува збор за меморија и простор за складирање: 8GB + 512GB. Можно е да се прошири просторот за уште 256 GB преку мемориска картичка Huawei Nano.
Батеријата од 4600 mAh има поддршка за брзо полнење од 66 W. Huawei тврди дека споменатиот полнач може да ја наполни батеријата до 90% за половина час.
Mate Xs 2 има поддршка за паметното пенкало Huawei M-Pen 2s Stylus, кое има батерија од 82 mAh, може да пишува континуирано 10 часа и трае до 40 дена во режим на мирување. Пенкалото користи Bluetooth 5.
Во полето на камерата, телефонот користи главен сензор од 50 MP на задната страна, ултра широка камера од 13 MP и телефото сензор од 8 MP. На предната страна има селфи камера од 10,7 MP.
Huawei Mate Xs 2 ќе се продава на глобално ниво по цена од 1999 евра, за 8GB + 512GB. Ќе биде достапен од јуни во црна, бела и виолетова боја.