Успешно е завршен Самитот на Huawei за жените програмери (Huawei Women Develo Summit), на кој се придружија жени од различни области и во различни фази од развојот на кариерата и го покажаа своето зајакнување. На самитот беа поканети неколку истакнати жени од науката и технологијата да го споделат своето техничко знаење, работно искуство и личните приказни, со цел да охрабрат повеќе жени на активен начин да играат вредна улога во науката и технологијата.
Huawei Women Developers (HWD), носител на овој самит, ги поттикнува жените програмери да креираат апликации и алатки што го менуваат светот и охрабрува повеќе жени да се вклучат во технолошките иновации, обезбедувајќи им повеќе ресурси, можности и платформи за учење, комуникација и самоизразување, со цел изградба на повеќекратен екосистем.
Сè уште има многу простори и можности жените да се развиваат во науката и технологијата. За да се отстрани дигиталниот јаз меѓу половите, Huawei покрена програми за овозможување на дигиталната технологија за жени во Ирска, Аргентина, Бангладеш, Кенија, Јужна Африка и други земји или региони. Директорот за операции на Huawei Consumer Cloud Service Developer Alliance одржа говор на самитот во кој истакна: „Навистина се надеваме дека повеќе жени можат да играат водечка улога во технолошките иновации со своите таленти, вредности и силни страни“. Како таков, HWD континуирано ќе пружа повеќе можности и поддршка за жените во технологијата.
Танг Венџи, ко-основач на Ladies Who Tech, учествуваше во темата „Технологијата нема пол“. Таа го изнесе своето верување дека развојот на науката и технологијата бара тимови со родова разновидност и поголема инклузивност. Соочени со постоечките родови стереотипи и силни предрасуди, жените треба да бидат похрабри во дизајнирањето и создавањето технолошки или дигитални производи.
Во ерата на женски стартапи, искуството како жените во технологијата со позитивен став ги балансираат предизвиците и тешкотиите при стартувањето на компанија, привлече големо внимание. Лиу Ји, коосновач на QIchat ги охрабри жените во технологијата да иновираат и да го промовираат напредокот на науката и технологијата, споделувајќи ги сопствените искуства во доменот на достапниот и универзален домен на образование.
Продукт директорот за реклами на Huawei и дизајнерот на корисничко искуство на Huawei 2012 лабораториите, исто така, дискутираа за тоа како жените програмери играат позначајна улога во крос-технолошките области од перспективата на деловното размислување и техничката пракса. Инсистираа на тоа дека жените треба да се обидат да дадат поголем придонес во технолошката индустрија на различни начини со бескомпромисен и самоуверен дух.
Покрај тоа, Huawei има за цел да охрабри поголем број студентки да учествуваат во технолошката работа и да ги реализираат сопствените вредности. Чен Тианкчин, дипломирана студентка за GIS на Универзитетот во Нанџинг, го сподели своето развојно искуство во научното истражување. И како новодојдена во технолошката индустрија, таа повика повеќе студентки да и се посветат на технологијата, за со својата храброст и ентузијазам да создадат бескрајни можности.
Во иднина, HWD ќе биде посветена на зајакнување на жените, со цел да ги подобрат своите професионални вештини и да ги прецизираат плановите за кариера, обезбедувајќи им обуки, салони за техничка иновација и сценарија за пракса, поттикнувајќи поголема комуникација помеѓу жените програмери преку разни активности на интернет и надвор од него, и овозможувајќи им да споделуваат знаење за технологијата и професионалното искуство, да разменуваат приказни и достигнувања и да го покажат зајакнувањето на жените, пружајќи им платформа.
HWD програмата сега е отворена за жените програмери од целиот свет. За повеќе детали, посетете ја страницата: https://developer.huawei.com/consumer/en/programs/hwd и кликнете за да аплицирате.