Технологијата за полнење од 200W на Xiaomi може да дебитира во уредите на потрошувачите, а масовното производство треба да започне веќе во јуни 2022, се наведува во извештајот на кинескиот сајт MyDrivers.

Извештајот прецизира дека технологијата од 200W може да дебитира на наследникот на Xiaomi Mi 11 – Xiaomi Mi 12 Ultra.

Официјално ќе биде наречен HyperCharge, жичен полнач од 200W кој беше претставен на почетокот на оваа година во мај на прилагодената верзија на Xiaomi Mi 11 Pro. Тој може да ја полни батеријата во уредот од 0 до 100% од капацитетот за само 15 минути.

Подоцна е откриено дека со 800 циклуси од таквото полнење ја влошило состојбата на батеријата за 20%.

Кога првпат ја претставија оваа технологија, не прецизираа дали ќе биде интегрирана на смартфоните. Уредите кои моментално се достапни на пазарот можат да ја наполнат батеријата од 30 минути до повеќе од 2 часа, пишува GSМаrena.

Извор: B92.net