Научниците се надеваат дека наскоро во вакуумски цевки ќе превезуваат луѓе со брзина поголема од 1.000 километри на час.

Во пустината северно од Лас Вегас, се протега цевка долга 500 метри од полигонот за тест DevlLoop, каде што првпат се реализираше транспорт на луѓе во ноември 2020 година. И покрај краткото растојание, тие успеаја да достигнат брзина од 172 км/час.

Компанијата Virgin Hyperloop, во чии партнери се вбројува и Virgin Group на Ричард Бренсон, развива технологија за капсули за патници кои ќе „летаат“ со 1.200 километри на час низ скоро вакуумски тунели со помош на магнетна левитација.

Пред половина година, честа да биде првиот патник на футуристичкиот воз Hyperloop им припаднаа на Џош Гигел, шефот на технолошкиот развој на компанијата, и на Сара Лучијан, директорка на одделот „Патничко искуство“. Храброто дуо се возеше во капсула XP-2 што се користи за преткомерцијално тестирање.

Капсулите ќе примаат 28 лица и ќе можат да се прилагодат на долги и кратки растојанија и товарен превоз. Гигел предвидува почеток на комерцијална употреба најрано во 2027 година.

„Таквиот начин на транспорт ќе направи револуција во патувањето, како што веќе направија автомобилите, возовите и авионите“, рече Гигел.

Идејата за „вакуумски воз“ за првпат беше измислена во почетокот на 20 век од страна на научникот Роберт Годард. Во 60-те и 70-те, Франција се обиде да го развие Аеровлак. Интересот повторно го стимулираше претприемачот Елон Маск во 2013 година.

Virgin Hyperloop планира да изгради мрежа на тунели што би ги поврзале најголемите градови во светот. Прво, се планира развој на патничка линија во Индија, чиј превозен систем е преоптоварен, а потоа и во Саудиска Арабија, во која нема инфраструктура.

Извор: B92.net