Instagram Live stream-овите наскоро ќе станат многу подолги, бидејќи е одлучено максималната должина на стримот да биде четири часа, наместо еден, колку што сега изнесува ограничувањето. Тоа ќе овозможи многу поголемо ангажирање на корисниците, како и можност за пренесување на цели концерти, подолги Q&A сесии, онлајн учење…

За корисникот да добие можност да стрима вака долги сесии, не смее да има ниту едно кршење на Instagram полисите. На тој начин, компанијата ќе проба да ги спречи корисниците да емитуваат во живо цели филмови или други содржини кои се заштитени и кои не се во нивна сопственост.

Покрај тоа, Instagram наскоро ќе овозможи и архивирање на стримовите до 30 дена. Порано, во текот на оваа година, Instagram додаде можност за снимање на стримовите на IGTV, а има во план да ја апдејтува Live Now секцијата која ќе им помогне на корисниците полесно да ги пронајдат активните стримови.