Пред десет години, на денешен ден, во App Store се појави апликација за размена на фотографии. Тој ден никој не насетуваше дека Instagram ќе стане една од најпопуларните социјални мрежи која ќе го освои светот.

Првата фотографија на мрежата ја постави еден од основачите Мајк Крејгер на 17. јули, 2010. година, како тест за апликацијата. Лошиот квалитет, но и самиот агол на фотографирање најдобро опишува како била замислена оваа апликација.

View this post on Instagram

test

A post shared by Kevin Systrom (@kevin) on

 

Во тоа време немаше стори, видео или звук, туку само постоеше опција да се постави фотографија во размер 1:1. Веќе во првите денови беше јасно дека нешто големо ќе се роди од апликацијата што е направена без големи очекувања. Само една недела по лансирањето, се пријавиле 100.000 луѓе. Сето останато е историја…

За да го прослави роденденот, Instagram овозможи да се промени привремено нивната икона, па можете да се вратите на стариот изглед во облик на полароид камера или да ги искористите некои од лого опциите како оние со боите на прајд или монохромната опција. Покрај тоа, апликацијата нуди можност да ги видите сите свои стори објави во последните три години.