Facebook објави нова функција за Instagram, под името Live Rooms. Функцијата им овозможува на корисниците да вршат пренос во живо на Instagram со до три лица истовремено, во споредба со досегашната опција на стриминг со до две лица. Facebook се надева дека овој потег ќе ги подобри креативните можности на кориснциите и ќе им овозможат подобро да се поврзат со семејството и пријателите.

Новата функција ќе биде достапна глобално и ќе може да и пристапат сите Instagram корисници. За да се почне со користење на Live Rooms, на телефонот е потребно повлекување налево, а потоа следува притисок на Live camera опцијата -> Rooms -> додавање на гостинот со кој сакате да разговарате. Кога гостинот ќе се додаде во Live Rooms, нивните следбеници ќе бидат известени.

За да се подобри сигурноста за Live Rooms, секој кој е блокиран од било кој учесник во разговорот нема да може да ја види содржината кога е во тек преносот во живо. Покрај тоа, Live Rooms администраторите можат да ги пријават и блокираат коментарите и да применуваат филтри на коментарите.