Според последните извештаи, Instagram планира да ја отфрли Swipe Up гестикулацијата за пристап до линковите во Stories и ќе ја замени со стикери. Некои корисници истакнуваат дека добиле известувања во рамките на апликацијата, кои укажуваат на оваа измена и ќе биде имплементирана од 30. август.

Корисниците што објавуваат Stories на Instagram можат да додаваат линкови во нив, а оние што ја прегледуваат содржината моментно можат да ја користат Swipe Up гестикулацијата додека ја гледаат приказната за да пристапат до линковите. Instagram засега не објави детали за промената што ја планира.

Со новата „link sticker“ опција, изгледа дека корисниците ќе можат да имплементираат стикери кои имаат линкови вградени било каде во содржината на приказната. Корисниците ќе имаат и избор од група избрани стикери кои можат да ги имплементираат.

Претходно овој месец, Instagram претстави неколку нови функции наменети да ги заштитат корисниците од злоупотреба на платформата. Ова им овозможи на корисниците да ги ограничат коментарите и директните пораки во текот на напливот на зголемено внимание. Посериозни предупредувања ќе бидат упатени кога корисниците ќе се обидат да користат навредлив говор.