Instagram ја објави глобалната достапност на Lite верзијата на својата популарна апликација. Instagram Lite претставува посведена верзија на популарниот сервис и овозможува пофлуидно искуство при користење на платформата на кој било уред и со било каква конекција. Оваа објава е наменета за земјите во развој.

Програмерите на Instagram истакнаа дека апликацијата е креирана со цел да обезбеди пристап до услугата во земји кои имаат лимитиран или лош пристап на интернет, како и за уреди со основни / буџетски спецификации. Instagram минатата година ја укина претходната верзија на својата Lite апликација, а компанијата тогаш истакна дека работи на нова верзија.

Instagram Lite зафаќа само 2 MB простор, а Instagram го оствари ова со користење на сопствени сервери за обработка на барањата, наместо да го прави тоа на телефонот. Тоа е остварено со значително намалување на API, отстранување на анимациите и транзициите. Се разбира, овој потег влијаеше на тоа некои функции да изостаната, па поради тоа Instagram Lite не поддржува IGTV видео. На корисниците им е достапен пристап до Reels и stories функциите, како и испраќањето пораки и пребарувања.

Компанијата потврди дека во развој е темна тема за Instagram Lite и треба да стане достапна во следните недели.