Во време на пандемијата на Ковид-19, видео повиците станаа норма за личните повици, додека виртуелните конференции со повеќе лица станаа вообичаени за настаните. Instagram константно ја надградува својата Live стратегија, а сега на креаторите им овозможува да додадат до три лица во Live Sessions преку Live Rooms.

Најновата функција на Instagram го носи името Live Rooms. Во прашање е проширување на постоечката Live функција, со флексибилност на додавање на две лица повеќе отколку што беше можно досега. Live сесиите сега можат да имаат до четири лица во истиот прозорец, овозможувајќи подобра флексибилност.

Имплементацијата на Live Rooms започна, а најпрвин ќе им биде достапна на корисниците во Индија и Индонезија. Instagram не спомена кога функцијата ќе биде достапна за остатокот од светот, но се очекува дека тоа ќе се случи наскоро.