Mрежата на вашиот профил на Instagram наскоро би можела да биде повеќе од само низа фотографии од вашите најнови објави. Дојавувачот Алесандро Палуци откри дека Instagram развива функција за „мрежно уредување“ што ќе ви овозможи да ги преуредите објавите на вашиот профил. Ова може да им помогне на музичарите или продавниците да користат колажи со повеќе објави за да ги вклучат нивните најнови дела или производи, но исто така може да биде корисно ако сакате да истакнете важна објава или да им дадете приоритет на вашите омилени фотографии,
Сепак, сè уште не е јасно дали социјалната мрежа планира само да ја тестира или и широко да ја дистрибуира оваа функција до сите корисници.
#Instagram is working on the ability to edit the profile grid allowing you to rearrange posts in any order you like ? pic.twitter.com/fjmkJD4je2
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) January 10, 2022
Сепак, не би било изненадувачки доколку приспособливата мрежа на профили стане потпора за понатамошен развој, бидејќи е време да се случи нешто важно со оваа апликација. Instagram троши се повеќе време на додворување на компании и продавници, а опцијата за редизајнирање на мрежата би можела да ги привлече компаниите кои сакаат да го дотераат својот јавен имиџ.
Ова може да помогне и ако сте уметник или фото ентузијаст кој се надева дека ќе ги покаже своите најдобри снимки без разлика колку години се тие стари. Исто така и на инфлуенсерите на многу начини, што е многу важно за оваа мрежа.