Компанијата Meta воведе нова можност за Instagram, а тоа е испраќање приватни лајкови за Story.
Корисниците сега можат да испратат приватен лајк кога нечие стори ќе им го привлече вниманието. Претходно тоа не беше во можност, корисниците можеа да реагираат на Instagram стори само со испраќање директна порака или емотикон како реакција, а во двата случаи содржината би се прикажала во нивниот инбокс како порака.
Токму тој „проблем“ сега се решава со новата опција на испраќање приватен лајк. Корисниците сега ќе можат да ја забележат новата икона на срце лоцирана меѓу опциите Send message и иконата на авион.
❤️ Private Story Likes ❤️
Starting to roll out today, you can now send some love by liking people’s stories without sending a DM.
Likes on stories are private and do not have counts. Rather, they appear as hearts next to people’s handles in your Stories view sheet. ?? pic.twitter.com/l56Rmzgnnw
— Adam Mosseri (@mosseri) February 14, 2022
Ако корисникот одлучи да испрати лајк на стори, тој ќе се појави на листата на оние кои го прегледале објавеното стори, а можен е пристап со повторно гледање . Оние кои јавно го гледаат нема да го видат бројот на лајкови.
„Целта е да се овозможи луѓето да си изразат поддршка едни со други, но и да ги „исчистат“ своите директни пораки. Размената на пораки е клучен приоритет за нас и голем дел од тоа на што се фокусираме кога станува збор за директните пораки меѓу вас и луѓето со кои комуницирате“, изјави Адам Мосери од Instagram.
Апликацијата често додава мали, но корисни новитети како овој. Минатата есен воведе опција за бришење одредени фотографии или клипови од објавен пост.
Извор: Klix.ba