Гласините за уреди на Apple со mini-LED дисплеи кружат веќе некое време, а изгледа дека наскоро би можеле да го добиеме првиот уред со ваков екран. Извештај од Јужна Корека сугерира дека новиот iPad Pro со mini-LED дисплеј би можеле да го видиме во текот на првото тримесечје од 2021. година.

Според наводите на ET News, Apple ќе го претстави новиот iPad Pro со mini-LED екран во текот на првите месеци следната година. Снабдувач на дисплеите ќе биде LG, кој со нивно масовно производство ќе почне кон крајот на оваа година.

Со оглед на тоа дека Apple веќе го освежи iPad Pro во март оваа година, можно е дека следната година не очекува поголема надградба. Со други зборови, би можеле да видиме сличен дизајн, имплементирање на mini-LED дисплеј, 5G поддршка и помоќен и побрз A14X процесор.

Имплементирањето на mini-LED технологијата ќе овозможи iPad Pro со посветол екран, подобрен контраст и подобрена потрошувачка.