Првиот iPhone на преклопување на Apple се очекува најрано во 2025 година, по преклопливиот iPad кој пристигнува во 2024 година.
Таблет на преклоп има повеќе смисла кај Apple отколку паметен телефон на преклоп во моментов, а има неколку причини за тоа. Како прво, преклопен iPhone би бил неверојатно скап за да не се канибализираат другите модели, а истражувачката компанија CCS Insight проценува дека цената може да биде најмалку 2.500 долари.
Покрај тоа, постојат шанси првиот преклопен уред на Apple да има технички проблеми, па компанијата не сака да ризикува со својот најважен производ, а тоа е iPhone.
Исто така, воведувањето на механизам за преклопување треба да вдахне нов живот во линијата на iPad.
Многу извори и патенти укажуваат на фактот дека Apple истражува уреди што се преклопуваат и дека е само прашање на време кога ќе претстават еден од нив, без разлика дали станува збор за телефон или таблет. Исто така, јасно е дека овој преклопен уред ќе биде многу скап.
Преклопен таблет би можел да биде многу привлечна опција за клиентите бидејќи е нешто што другите компании сè уште не го нудат.
Доколку Apple лансира iPad на преклопување во 2024 година, најверојатно ќе биде една од првите компании што ќе понуди таков уред, што значи дека нема да има многу ривали.
Исто така, линијата iPad има потреба од нови идеи повеќе од iPhone. Оваа година Apple воведе нов дизајн со објавувањето на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max со нови форми на интеракција засновани на Dynamic Island кој го замени „забот“ претставен во 2017 година, меѓутоа, iPad Pro како најзначаен промена има нов процесор кој е доста „досадна“ надградба.
Сепак, iPad-ите се меѓу најдобрите таблети денес, но Apple мора порано или подоцна да ги „измеша картите“ за да ја задржи својата позиција на пазарот.