Компанијата Apple почнува со бета-тестирање на iOS 14.5 верзијата, а една од промените што ги носи оваа надградба е поддршката за новите контролери, кои се користат за PlayStation 5 и Xbox Series X конзолите.

Моментно ниту еден од овие контролери не е поддржан на најновите верзии на iOS и iPadOS, но iOS 14.5 ажурирањето ќе го промени тоа.

Претстојниот iOS 14.5 ќе овозможи отклучување на iPhone со користење на Apple Watch додека корисникот носи заштитна маска, повикување на контакти за итни ситуации преку асистентот Siri, CarPlay ETA споделување и поддршка за dual-SIM 5G.

Сè уште не е познато кога iOS 14.5 ќе пристигне на уредите, но се очекува во следните неколку недели.