Досега имаше спротивставени извештаи за тоа дали iPhone 12 линијата ќе има 120Hz екрани. Општо верување е дека тоа нема да се случи, а причината што ја наведоа два различни извори е потрошувачката на батеријата.

Според дојавувачот Џон Просер, Apple се соочил со дилема помеѓу воведување на 5G поддршка (што троши значително повеќе од 4G) или додавање поддршка за 120Hz освежување на екранот (што троши значително повеќе од 60Hz). Додавањето на двете опции многу би го скратило времетраењето на батеријата.

Компанијата од Купертино конечно се одлучила за 5G, бидејќи мрежата од следната генерација е полесна за рекламирање. Промовирањето побрза интернет-врска е многу полесно во споредба со обидот на корисниците да им се продадат придобивките од освежувањето на екранот од 120Hz.

Сепак, добри се шансите следната година да видиме модели на iPhone со поддршка за стапката на освежување на екранот од 120Hz и 5G.