iPhone 12 Pro Max смартфонот на Apple ги помина Display Mate тестирањата и доби највисока оценка на перформансите на екранот од A+. Super Retina XDR дисплејот израмни или постави 11 рекорди на перформансите на екранот, вклучувајќи најголема апсолутна точност на боите, најмало поместување во прецизноста на бои и најголем однос на контрастот.

iPhone моделите во минатото обично имаа екрани со високи перформанси кои ги израмнуваа или поставуваа бројни рекорди за перформансите на екранот. iPhone 12 Pro Max доаѓа со 6,7-инчен OLED екран со резолуција 2,778 x 1,284 пиксели и густина од 458 ppi.

Display Mate е напредна услуга на калибрација и оптимизација на екранот, која користи заштитен образец на тест и калибрација, за да утврди колку е добар екранот. iPhone 12 Pro Max е неодамна тестиран и доби досега највисока оценка на перформансите на екранот од A+ и награда за најдобар паметен екран, благодарение на својата „точност и перформанси на калибрација“.

iPhone 12 Pro Max израмни или постави 11 рекорди во перформансите на приказот на паметен телефон, вклучувајќи најголема апсолутна точност на боите, најмало поместување на прецизноста на бои, најголем однос на контраст, најмала рефлексија на дисплејот, најголема видлива резолуција на екранот, најмала варијација на осветленоста со аголот на гледање и уште пет други. Телефонот, исто така, доаѓа со рекордно висока осветленост преку целиот екран за OLED смартфоните од 825 нита за 100 проценти просечно ниво на сликата (APL).

„Како резултат на тоа, екранот на iPhone 12 Pro Max ги исполнува сите критериуми и барања за Display Mate A+ оценка, со што ја доби највисоката Display Mate оценка за екранот и највисока оценка за перформанси од A+“, наведува сајтот Display Mate.