Поддршката за безжично обратно полнење е една од опциите што сè повеќе ги гледаме како се имплементираат кај паметните телефоните. Овој метод на полнење ја користи енергијата на смартфонот за безжично полнење на други уреди.

Споменатата функција сè уште немавме можност да ја видиме на iPhone моделите, но според нaјновите информации објавени од EverythingApplePro, можно е дека iPhone 13 ќе поддржува обратно безжично полнење. Во извештајот се тврди дека телефоните од оваа линија би можеле да имаат поголеми калеми за безжично полнење, што би можеле да послужат како обратен безжичен полнач.

Не е познато колкава излезна моќност може да има таквото полнење, но не се очекува да биде револуционерно поинаку во однос од постојните решенија. Решението на Apple сигурно би било наменето за полнење на други уреди на компанијата, како што се AirPods слушалките и слично.

Според FCC листингот, актуелните модели на Apple веќе имаат можност за обратно безжично полнење, но оваа функција не е активирана од непозната причина.