И покрај тоа што iPhone 12 серијата е претставена пред помалку од еден месец, реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо веќе сега се фокусира на следната генерација на iPhone.

Во својот најнов извештај, Куо истакнува дека iPhone 13 серијата повторно ќе пристигне во четири варијанти. Pro моделите ќе ги карактеризира голема надградба на камерите, со F/1.8 6P ултрашироки сензори и автофокус.

Тоа би требало да обезбеди значајни подобрувања во квалитетот на фотографирање и снимање на видеа, во споредба со 12 Pro и 12 Pro Max моделите, кои користат F/2.4, 5P модули со фиксен автофокус.

Нема информации за тоа какви надградби на камерите би можеле да видиме на подостапните iPhone 13 модели.