Според наводите на DigiTimes, iPhone 13 линијата ќе имплементира поддршка за новиот Wi-Fi 6E стандард на сите модели на телефони.
Сепак, ова не претставува некоја револуционерна новост, со оглед на тоа што Wi-Fi 6E во суштина е истата технологија како Wi-Fi 6 и достапна е веќе неколку години. Буквата „Е“ во името на технологијата е ознака за “extended” (проширен), што значи дека конекцијата ќе биде проширена на 6GHz опсег.
На прашањето, како ова ќе помогне iPhone 13 да биде подобар, одговорот го има TP-Link во својата блог објава: „6GHz е нова фреквенција на опсег, во распон од 5.925GHz до 7.125GHz, овозможувајќи до 1200MHz дополнителен спектрум. Пристапот до 6GHz опсег нуди подобар проток, поголеми брзини, помалку лаг, овозможувајќи повеќе извори за идни иновации, како што се AR/VR, 8K стриминг и друго”.
DigiTimes тврди дека Qualcomm, Broadcom и MediaTek го комерцијализираат производството на Wi-Fi 6E главните чипови, кои ќе бидат искомбинирани со RF front-end модулите.
Претходните вести сугерираа дека новите iPhone 13 модели ќе имплементираат 3D face ID сензори на стандардните модели и ToF LiDAR скенери за Pro моделите. Новите iPhone модели ќе бидат нешто подебели од своите претходници, за да можат да имплементираат поголема батерија.