Новиот извештај вели дека претстојните iPhone 14 Pro модели на Apple ќе имаат главна камера од 48 MP.

Ова ќе биде трет пат Apple да ја зголемува резолуцијата на главниот камера сензор на iPhone. Првиот пат тоа се случи со iPhoe 4S кога беше зголемен од 5 на 8 MP, а вториот пат кај iPhone 6S кога имаше зголемување од 8 на 12 MP.

На Apple веројатно му е потребна поголема резолуција за Pro моделите да снимаат 8K видео, но тие можат да снимаат и во други резолуции во зависност од сцената. Портрет и landscape фотографиите ќе имаат корист од повеќе мегапиксели, а фотографиите направени во услови на слаба осветленост би можеле да бидат бинирани на 12 MP.

Аналитичарот Минг-Чи Куо неколку пати зборуваше за камерата од 48 MP за iPhone 14 и 14 Pro, а најави и периксоп зумирање за iPhone 15, кој ќе пристигне во 2023 година.

Што се однесува до предниот дел на iPhone 14, извештаите велат дека засекот на екранот ќе биде заменет со отвор, а се уште не се знае дали ќе биде кружен или во облик на пилула со интегрирани сензоти за FaceID технологијата.