Клиентите веќе пријавуваат проблеми со серијата iPhone 16, ниту една недела откако беше пуштена во продажба.

Поточно, проблемот овде се однесува на екранот, бидејќи како што објавија некои корисници на социјалните мрежи, се случува нивниот екран да не реагира на допир, движење и други гестови.

Како што пренесува Apple Insider, овој проблем не е постојано присутен, а во повеќето случаи се решава сам.

Најмногу го пријавуваат оние кои имаат iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max, но со оглед на тоа дека не се јавува само кај овие уреди, се претпоставува дека проблемот е всушност во новиот iOS 18.

Причината за овој проблем ја понуди сајтот 9to5Mac кој пишува дека најверојатно се работи за преосетливоста на системот за отфрлање на случајни допири.

iPhone 16 Touch Unresponsive Issue
byu/Known_Tap_1462 iniphone

Овој систем во основа е добра работа бидејќи го штити вашиот телефон од правење нешто што не сакате да го прави ако случајно го допрете, но се чини дека предизвикува потешкотии при неговото користење сега, па корисниците се надеваат дека идното ажурирање на оперативниот систем ќе донесе решение.