Извршниот директор на Display Supply Chain Consultants, Рос Јанг, има нови информации за iPhone SE+ 5G што ги сподели на Twitter. Производството на дисплејот за новиот модел почнува овој месец, што значи дека Apple може да го претстави SE+ кон крајот на април или почетокот на мај и ќе може да започне со испорака на нарачките во истиот период.

Новиот модел ќе го користи стариот дизајн, според сите досегашни информации. Има мала неизвесност дали ќе продолжи да го користи истиот 4,7-инчен LCD екран со Touch ID копче на предната страна. Сепак, едно е јасно, фокусот на ова издание ќе биде 5G конекцијата.

SE моделот од 2020 SE го покренуваше Apple A13 чипсетот и имаше 4G модем (иста конфигурација како и серијата iPhone 12 од половина година порано). Новиот SE ќе добие понов чипсет и модем – гласините од пред неколку месеци тврдеа дека ќе го користи истиот Apple A15 чип и Snapdragon X60 модем како и серијата iPhone 13.

iPhone SE+ 5G треба да биде лансиран заедно со новиот iPad Air, кој најверојатно ќе го користи истиот А15 чипсет. Пет нанометарските производните линии на TSMC ќе бидат многу зафатени, имајќи предвид дека iPhone 13 серијата е доста популарна, а доаѓаат и неколку нови уреди базирани на A15 чипсетот, пишува Apple Insider.