Аналитичката компанија Kantar го објави својот BrandZ извештај, во кој се наведени највредните брендови на глобално ниво. На прво место е Amazon, со вредност на брендот од 684 милијарди долари, што претставува раст од 268 милијарди (+ 64%) во споредба со минатата година.
Amazon е и првата компанија што стана бренд од над половина милијарда долари. На второ место се наоѓа Apple, со вредност на брендот од 612 милијарди долари (+74%). Трет е Google со вредност од 458 милијарди долари (+ 42%).
Samsung je 42. на оваа листа, Huawei е на 50. место, додека Xiaomi е 70-ти. Најбрзо растечки бренд е Tesla, кој оствари раст од 275 проценти, а потоа следува TikTok (двете компании се на 47. и 45. место).
Од компаниите од IT секторот, на BrandZ Most Valuable Global Brands листата се наоѓаат и Nvidia на #12, Qualcomm на #37, AMD на #57, Snapchat на #82 и Spotify на #99 позиција. Zoom се наоѓа на 52. место, а компанијата го забележа успехот поради зголемиот број видео повици во текот на пандемијата.
Целосната листа на Топ 100 највредни брендови е достапна ТУКА.