Lenovo на социјалната мрежа Weibo објави тизер за претстојниот наследник на својот Legion гејминг телефон. Покрај тоа што ќе има два активни разладни вентилатори, генералниот менаџер на компанијата потврди дека уредот ќе се вика Lenovo Legion 2 Pro.

Компанијата потврди и дека Legion 2 Pro ќе користи Qualcomm Snapdragon 888 чипсет. Се уште нема информации за точниот датум на објава, а ветен е само периодот на претставување во текот на пролетта.

Во минатонеделниот тизер, Lenovo најави дека смартфонот ќе биде опремен со бројни функции и дека нема да бидат правени компромиси кога се во прашање гејминг аспектите на уредот.

Lenovo Legion 2 Pro може да има до 16GB LPDDR5 RAM, AMOLED екран со 144Hz освежување, батерија со капацитет барем 5000mAh, UFS 3.1 складирање и друго.

Следниот Lenovo Legion гејминг телефон пристигнува напролет