Lenovo во рамките на CES 2021 саемот претстави нови модели лаптопи, а посебно внимание привлекува моделот ThinkBook Plus Gen 2 со два дисплеја.

Поради корона кризата и промената на работните навики, односно преселувањето на многу вработени во домашните канцеларии, побарувачката за персонални компјутери минатата година се зголеми, а бидејќи се очекува дека и оваа година дел од вработените ќе ја поминат во своите домови, може да претпоставиме дека побарувачката за десктоп и лаптоп компјутери ќе продолжи да се зголемува. На саемот за потрошувачка електроника CES 2021 беа претставени бројни нови модели на лаптопи, а еден поинтересните модели секако е Lenovo ThinkBook Plus Gen 2.

Се работи за наследник на минатогодишниот модел, кој е специфичен по тоа што има два екрана. Покрај класичниот екран, има и дополнителен сместен на надворешниот дел на куќиштето, а посебно е интересно што не станува збор за LCD, туку за e-ink екран. Овој тип на екрани се користат во читачите на е-книги и читањето на нив е многу поудобно, без замор на очите како на компјутерите, таблет уредите и смартфоните.

Дијагоналата на надворешниот екран изнесува 12 инчи, со резолуција од 2560х1600 пиксели, а во однос на екранот на минатогодишниот модел, подобрени се перформансите, фреквенцијата на освежување и корисничкиот интерфејс, кој е редизајниран и пружа „поинтуитивен пристап до најкористените информации“. На екранот може да се пишува, како и да се покренуваат апликации за Windows 10, при што најважните апликации може да се стартуваат од поставениот екран, без потреба од негово отворање.

Дијагоналата на класичниот екран е 13,3 инчи со иста резолуција од 2560х1600 пиксели и дисплеј осетлив на допир. Компјутерот го покренува најновата генерација на Intel Core процесори, а најмоќната конфигурација доаѓа со Core i7 процесор, 16GB RAM меморија и 1 TB SSD. ThinkBook Plus Gen 2 доаѓа и со моќна батерија што може да издржи 15 часа работа ако се користи само класичен LCD, но ако се користи само надворешен e-Ink екран, официјалните податоци велат дека може да издржи до 24 часа