Lenovo на Weibo мрежата објави неколку фотографии за да ја најави својата претстојна серија паметни телефони, која ќе се натпреварува со само што најавеното Redmi Note 9 трио.

Сликите кои ги сподели Lenovo откриваат беколку детали за претстојната линија паметни телефони на компанијата. За почеток, барем еден од смартфоните има камера модул во облик на квадрат на задниот дел на куќиштето, што ги сочинуваат три камери и LED блиц.

Доаѓа со екран со отвор за камера и ќе има копче за вклучување поставено на десната странична рамка. Од левата страна постои уште едно копче, кое би можело да биде наменско копче за поврзување на дигиталниот помошник. По деталниот преглед, исто така, може да се види дека 3,5 мм приклучок за слушалките се наоѓа на врвот на уредот.

Lenovo не откри никакви спецификации на паметниот телефон, но пост на Weibo вели дека ќе има подобра камера, поголем екран и помодерен дизајн. Во споредба со што? Текстот го носи името „6 е повеќе од 9“, што јасно укажува дека ќе и биде противник на неодамна претставената Redmi Note 9 серија.