Минатиот месец имавме прилика да видиме објава на неколку гејминг телефони, како што се ZTE Nubia Red Magic 6 серијата, Asus ROG Phone 5 линијата и два Xiaomi Black Shark 4 модели. Наскоро ќе биде претставен и Lenovo Legion 2 Pro, а знаеме дека официјалниот датум на објава на уредот е 8. април.
Веста ја објави гејминг дивизијата на Lenovo на Weibo мрежата Премиум телефонот ќе биде „херој кој ристигнува да ги реши проблемите што другите не можат“, а ова се очекува да значи дека ќе имплементира некои карактеристики, кои досега не биле видени на мобилните уреди.
Еден од претходните тизери сугерираше dual-turbo систем за ладење со два физички вентилатори во телефонот, што првпат би било применето во овој сегмент на индустријата.
Се очекува иSnapdragon 888 чипсет, 16 GB RAM меморија, до 110W брзо полнење преку два USB порта, како и примамлив дизајн, на кој веќе сме навикнати од Lenovo Legion линијата телефони.