Lenovo претстави нов монитор, кој ќе ја надополни најновата линија компактни ThinkPad уреди на компанијата. Lenovo ThinkVision P40w нуди 39,7-инчен панел со 21:9 однос на страници, има WUHD резолуција од 5120 x 2160p, но и некои други интересни карактеристики.

ThinkVision P40w служи и како док за лаптоп, благодарение на Thunderbolt 4 портот со еден кабел, кој може да го полни лаптопот со брзина до 100W. Исто така, може да обезбеди до 12 портови, вклучувајќи два Thunderbolt 4 порта и еден USB Type-C. Lenovo во уредот вклучи и eKVM, што овозможува контрола на два уреда преку оваа комбинација на монитор и док. Дополнителниот Thunderbolt 4 порт овозможува поврзување на уште еден 5K монитор.

Панелот нуди 98 проценти од P3 спектарот на бои и вклучува хардверски нивоа на намалување на сината светлина, за да се одржи соодветен баланс на белата боја, а притоа и натаму да се намалува емисијата на сина светлина.

Lenovo е и првиот производител кој нуди професионален монитор со вградена Intel Active Management технологија, креирана за интеграција со vPro на ThinkPad уредите и обезбедување на дополнителни можности за управување.

Lenovo ThinkVision P40w мониторот  ќе биде достапен од јуни, со почетна цена од 1.699 долари.