Yoga Slim 7i Pro верзијата на лаптопот за 2021. година има опција со OLED екран во рамките на своите спецификации, а Lenovo ветува побогати нијанси на црна и позаситени бои во споредба со LCD-моделот на лаптопот.

Новиот Yoga Slim 7i Pro се одликува со 14-инчен OLED панел, со стапка на освежување на екранот од 90Hz. Резолуцијата може да достигне до 2880 x 1800 пиксели, со формат од 16:10. Поддржан е целиот DCI-P3 спектар на бои, додека Dolby Vision сертификатот ќе биде задолжен за HDR.

Екранот е главната разлика што ги одвојува OLED и LCD верзиите на Lenovo Yoga Slim 7i Pro. Двете верзии имаат Intel Core процесори од 11. генерација и опционална Nvidia GeForce MX450 графичка карта.

Lenovo Yoga Slim 7i Pro (OLED) ќе биде достапен во ЕМЕА регионот, а цената и почетокот на продажбата ќе бидат објавени подоцна.