Неодамна на FCC листингот е забележан нов телефон на компанијата Lenovo, кој е ребрендиран Moto G9 Power. Се сугерираше дека името на новиот уред е K12 Pro. Неколку дена подоцна, Lenovo со фотографија го најави претстојниот смартфон.

Сега Lenovo официјално потврди дека станува збор за Lemon K12 Series и го најави датумот на претставување на новите модели. Уредите што ги видовме и во претходните објави се во врска со оваа серија и барем еден од моделите ќе биде ребрендирана Moto G9 варијанта. Останува да се види дали телефоните од Lemon K12 линијата ќе бидат ребрендирани верзии на другите Moto G9 телефони.

Lenovo во минатото го користеше името Lemon за телефоните кои имаа процесори од долниот сегмент, а слично се очекува и со новата Lemon K12 серија. Повеќе официјални детали ќе дознаеме на 9. декември.