Во текот на 2021 година, ќе видиме претставување на новата линија на LG телевизори со mini LED дисплеи. Панелите ќе го носат името QNEDbrand и ќе бидат позиционирани во горниот сегмент на LCD-линијата на компанијата, иако премиум технологијата на LG ќе продолжи да биде претставувана преку различните OLED серии.

Samsung се уште не ја користи mini LED технологијата  во својата QLED LCD линија телевизори, додека TLC ја имплементираше во своите 6-Series i 8-Series LCD TV модели.

LG QNED линијата ќе пристигне во големини до 86 инчи, со модели што нудат 4K и 8K резолуција. Mini LED изворите на светлина би можеле да обезбедат подобра контрола на осветленоста и контрастот во однос на конвенционалните телевизори, иако LG истакнува дека во панелите и натаму се користат Nanocell и Quantum dot.

LG ќе го прикаже својот 86-инчен QNED телевизор за време на CES 2021 саемот, а уредот има над 30.000 LED светла и речосо 2.500 зони со локално затемнување.