Linux добива своја верзија на „синиот екран на смртта“ (BSOD).
Како што пренесува Phoronik, услугата systemd-bsod доаѓа до системите на Linux која може да генерира порака на цел екран на дистрибуциите на Linux.
Слично како што „синиот екран на смртта“ беше создаден за Windows, верзијата на Linux ќе се користи како алатка за итни случаи за евиденција на грешки.
Ако системот на Linux не успее да се подигне, ќе генерира порака на цел екран што прикажува QR-код за да ви даде повеќе информации за тоа што го предизвикува проблемот.
Функцијата е сè уште експериментална и се забележува дека е предмет на промени, но systemd е клучен дел од повеќето дистрибуции на Linux, вклучувајќи ги Ubuntu, Fedora, Debian и Red Hat, така што функцијата BSOD веројатно ќе се појави во многу дистрибуции оваа година.
Кога станува збор за Windows, нема да има промени што се однесува до BSOD, и покрај експериментирањето со голем број промени кои вклучуваат тажни емотикони или QR код како што ќе има Linux.