Logitech G, одделот за компјутерски компоненти и конзоли на Logitech, се здружи со Tencent Games за да развие рачна конзола базирана на cloud што пристигнува оваа година.

Двете компании се во преговори со тимовите на Xbox Cloud Gaming и Nvidia GeForce Now, што веројатно значи дека овие услуги ќе бидат поддржани и гејмерите ќе можат да ги играат најдобрите игри и тоа во движење.

Засега зборуваме само за cloud гејминг, а не се знае дали самата конзола ќе може да покрене некоја од игрите.

Претходно оваа година беше откриен патент на Tencent кој го откри распоредот на уредот „PC Console“, но тоа можеби нема никаква врска со новиот проект. Logitech G веројатно сака да дизајнира хардвер, додека Tencent е дефинитивно огромна компанија со многу врски.

Сепак, општата форма треба да биде многу слична.