Најголем број од лаптопите и натаму ја користат LCD технологијата за своите екрани. Цената е главна причина за се, со оглед на тоа дека поголемите OLED панели би чинеле значајно повеќе во споредба со она што го имаме кога се во прашање телефоните. Ова е случај и со актуелната MacBook линија на Apple, кај која единствениот OLED екран е во Touch Bar.
Меѓутоа, ова би можело да се промени во текот на следната година, а сајтот DigiTimes тврди дека Apple може да објави MacBook Pro модели со mini LED дисплеј во текот на првата половина на 2021. година. Ова би бил интересен додаток на линијата на Apple и лаптопите на компанијата би можеле да станат уште попримамливи.
Потребно е да се напомене дека и покрај сличноста во името, mini LED не е LED. Во прашање е своевиден хибрид помеѓу LCD и LED технологијата.
Гласините од порано веќе споменуваа дека Apple во текот на следната година може да претстави редизајнирана MacBook линија, но не е познато дали имплементирањето на mini LED дисплеј ќе биде дел од новиот дизајн.