Во свое време, серијата Mafia беше исклучително популарна, а во некои случаи дури и попопуларна од GTA. Сега конечно се појавуваат поконкретни детали за новата Mafia игра.
Не е чудно што гејмерите се „гладни“ за нови содржини од серијата Mafia, имајќи предвид дека последната игра беше објавена во 2017 година и не беше она на што многумина се надеваа. Додуша, имавме и Mafia Definitive Edition, но на играчите им требаше свежа содржина.
Добрата вест е што има извештаи дека Mafia 4 е во рана фаза на развој. Ова е особено важно бидејќи не толку одамна имаше информации дека Mafia 4 воопшто нема да излезе.
Mafia 4 го има кодното име и работниот назив „Nero“, а откриено е дека играта ќе користи Unreal Engine 5. Покрај тоа, приказната во играта ќе воодушеви многу фанови, бидејќи Mafia 4 ќе биде приквел и ќе се фокусира на подемот на семејството Салиери.