Во САД, рачните менувачи на Mercedes не се достапни од 2015 година, а тоа сега ќе стане реалност и за останатиот дел од светот

Автомобилските компании ги намалуваат трошоците, се подготвуваат темели за имплементација на нови технологии, кои гарантираат поголема автоматизација во возењето и електричен погон, за помалку неизвесност. Mercedes-Benz е во големо преструктуирање на бизнисот, а една од одлуките е да се укине рачниот менувач како опција. Готово е, му рекол Маркус Шефер, директор за развој на Mercedes, за еден новинар.

Мануелниот пренос во САД не е достапен од 2015 година, а тоа сега ќе стане реалност и за останатиот дел од светот. Исто така, меѓу мерките за штедење треба да се спомене и драстичното намалување на инвестициите во мотори со внатрешно согорување. Германскиот премиум производител планира да го намали бројот на понудени бензинци и дизели за 70 проценти до крајот на 2030 година. Тогаш во ценовниците треба да доминира електричниот Mercedes. Покрај тоа, Mercedes најавува и разредување на платформите за своите возила.

Што значи тоа? Производителот од Штутгарт планира да стане најголемиот производител на електрични автомобили.

Извор: Додај Гас