Компанијата Meta одлучи да ја одложи најважната функција во своите апликации Facebook Messenger и Instagram.
Социјалната мрежа Facebook веќе ги интегрира пораките на Messenger и Instagram за повеќето корисници, а по тој повод компанијата Meta, која порано се нарекуваше исто Facebook, вети дека конечно ќе вклучи автоматска end-to-end енкрипција.
Порталот Engadget објави дека компанијата, чии апликации ги користат најмалку три милијарди луѓе, се откажала од таа одлука и верува дека енкрипцијата ќе биде воведена дури некаде во текот на 2023 година.
Наводно, на компанијата ѝ е потребно дополнително време за да направи сѐ како што треба.
Социјалната мрежа Facebook уште од 2019 година зборува за важноста на екрипцијата за корисниците, но и по повеќе од две години подоцна не успеа да го имплементира end-to-end решението, кое моментално функционира само во апликацијата WhatsApp. Корисниците на апликациите Messenger и Instagram за да користат енкрипција мора да го задржат разговорот и да го влечат нагоре за да ја активираат опцијата Secret Conversations.
Иако оваа одлука е навистина лоша за корисниците, бидејќи отвора можност за измама и проневера од различни видови (пораките не се нон-стоп заштитени како што би биле со користењето на end-to-end енкрипцијата), многу владини претставници ја поздравија, бидејќи тие сè уште веруваат дека државите мора, по барање, да имаат пристап до кореспонденцијата на корисниците, што претставува потенцијална опасност од различни причини.
Извор: Mondo.rs