MicroLED телевизор на преклоп со дијагонала од 165 инчи (ВИДЕО)

пред 3 години

Откако почна пандемијата, луѓето се сè повеќе заинтересирани за стриминг платформите, а посебно за ТВ уредите.

Ова беше шанса за многу произведувачи да експериментираат и да бидат иновативни, па така компанијата C SEED одлучи да направи телевизор на преклоп со дијагонала од 165 инчи – C SEED M1 TV, кој ќе биде достапен во продажба оваа есен. Телевизорот е составен од пет MicroLED панели кои се спојуваат во еден голем екран од 165 инчи.

Овој телевизор тежи околу 1.300 килограми. Огромниот панел со 4К резолуција има алуминиумска конструкција која се состои од пет дела, а зазема површина од 7,5 метри квадратни.

C SEED M1 TV е телевизор кој има цена од 400.000 долари и тоа е без додатните градежни работи кои ќе треба да ги направи корисникот за да може да ги искористи сите карактеристики на овој уред.

Share
Scroll to Top