Microsoft Edge Kids Mode е дизајниран е да ги спречи децата на возраст до 12 години да пристапуваат до веб-локациите и услугите што нивните родители може да ги сметаат за несоодветни
Microsoft претстави нов режим за деца за својот веб-прелистувач Edge, прва таква функција на било кој поголем браузер. Овој потег, велат од компанијата, е направен за да им се овозможи на родителите да ги пуштат децата да пребаруваат на интернет, без да се грижат за видот на содржината на која ќе наидат.
Microsoft Edge Kids Mode е веќе достапен, а дизајниран е да ги спречи децата на возраст до 12 години да пристапуваат до веб-локациите и услугите што нивните родители може да ги сметаат за несоодветни.
Microsoft Edge Kids Mode е верзија на Edge која се одликува со уникатен дизајн на почетниот екран и вести од публикациите прилагодени за децата, како што се Animal Planet и Time for Kids. За да го отворат режимот за деца, родителите го стартуваат Edge на својот PC или Mac и го избираат копчето за детски режим во менито за профили во горниот десен агол на екранот.
Родителите можат да бираат помеѓу две верзии на режимот за деца, едната за деца на возраст од 5 до 8 години, а другата за деца од 9 до 12 години. Kids Mode за деца од 5 до 8 години е поедноставена верзија на прелистувачот Edge со единствен прилагоден изглед, додека верзијата за постари деца вклучува линкови до веб-страници прилагодени на возраста.
За да ги спречи децата да посетуваат несоодветни сајтови, Microsoft Edge Kids Mode вклучува вградена листа на одобрени локации. Родителите можат да ги уредуваат овие локации за да додаваат дополнителни страници или да ги ограничуваат однапред избраните локации од Microsoft.
Дел од планот на Microsoft да ги спречи децата да сакаат да го напуштат детскиот режим е да им обезбеди прилагодени почетни екрани, заедно со ликови од популарните филмови на Дизни. Меѓутоа, ако детето проба да го напушти Kids Mode, ќе открие дека треба да ја внесе лозинката на своите родители.