Microsoft најави итно ажурирање на Windows 10 откако открил сериозна ранливост во оперативниот систем.

 

„PrintNightmare“ ранливоста  идентификувана како CVE-2021-34527, влијае на сите верзии на Windows и е насочен кон услугата „Windows Print Spooler“, процес што управува со пристап на повеќе корисници до печатачите. Откриено е откако истражувачите на компанијата за сајбер безбедност „Сангфор“ случајно објавиле упатства за искористување на недостатокот.

Истражувачите во мај објавија дека нашле ранливост, но случајно го направија доказот за концептот достапен на Интернет. Иако беше брзо избришан, тој беше споделен на друго место, вклучувајќи го и GitHub во сопственост на Microsoft.

Хакерите може да ја искористат „дупката“ за да инсталираат програми, да прегледуваат и бришат податоци и да создаваат нови кориснички сметки со пристап до администраторот. Microsoft мораше да објави закрпи за Windows Server, Windows 10, Windows 8.1, па дури и Windows 7.

„Препорачуваме да ги ажурирате вашите уреди што е можно поскоро. Ажурирањето е достапно на сите канали за објавување, вклучувајќи ги Windows Update, Microsoft Update Catalogue и Windows Server Update Services (WSUS)”, напиша Microsoft во објавата за овој проблем.

Microsoft сè уште нема пуштено „пач“ за Windows 11.

Извор: B92.net